Повредата на Стоунс е проблем и за Гвардиола и за Саутгејт

Проблемите на Пеп Гвардиола околу составот на Манчестер Сити се продлабочија откако Џон Стоунс заработи повреда што се покажа посериозна од првичните прогнози.

Лекарите најавија дека англискиот дефанзивец ќе го пропушти само премиерниот меч со Барнли, тој потоа не настапи ниту во второто коло против Њукасл, а според последните информации Стоунс нема да биде во тимот ниту за следните две премиерлигашки средби против Фулам и Шефилд Јунајтед.

Камбекот на одличниот дефанзивец се очекува кон средината на месец септември, што значи дека тој ќе ги пропушти и претстојните средби на „гордиот албион“, најпрвин квалификацискиот дуел со Украина, а потоа и пријателскиот натпревар со селекцијата на Шкотска.

Се вчитува...