Пауло Дибала нема да настапи на претстојните две квалификациски средби на Аргентина за СП 2018, против селекциите на Чиле и на Боливија. Одличниот офанзивец се повреди на последниот натпревар меѓу Сампдорија и Јувентус, но согласно правилата отпатува за Аргентина за да биде прегледан од лекарите на својата репрезентација. Деталните прегледи само го потврдија она што го порачуваа од таборот на Јуве, дека повредата не е наивна, а Дибала ќе мора да мине извесно време надвор од терените.
Членот на „старата дама“ во следните два дена ќе допатува назад во Торино и ќе почне да работи под програма на лекарите на италијанскиот првак. Целта на Јувентус е тој да биде целосно рехабилитиран за дваесетина дена, што би значело да биде максимално подготвен за настап на четвртфиналните пресметки од Лигата на шампионите против Јувентус.
Гонзало Игуаин е најавен како предводник на нападот на Аргентина на следните две квалификациски средби, пред Серхио Агуеро кои овие натпревари најверојатно ќе ги стартува од клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА