Повредата не е наивна: Елези отпаѓа за септемврискиот циклус на А-тимот

Селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на услугите на Агон Елези по повредата што македонскиот репрезентативец ја заработи на еден од последните натпревари за својот тим Сараево.

Елези се здоби со незгодна повреда на рамото, а последните информации од БиХ говорат дека паузата ќе изнесува повеќе од еден месец, по што е јасно дека овој фудбалер нема да може да настапи во септември, најпрвин на пријателскиот меч со Саудиска Арабија во Прага, а потоа и на квалификацискиот натпревар на домашен терен против Лихтенштајн.

„Против Посушје се повреди Агон Елези. Ги добивме резултатите од магнетната резонанца – среќни сме што нема да мора да се оди на операција, но Елези ќе може да почне да тренира со полна пареа дури по 4-5 седмици“, обелодени координаторот на медицинскиот тим на Сараево, Реуф Карабег.

Се вчитува...