Бразилскиот репрезентативец Нејмар нема да му биде на располагање на ПСЖ до крајот на сезоната поради повреда. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата заработи повреда на натпреварот против Лил во француското првенство, а по деталните прегледи утврдено е дека станува збор за сериозна повреда за која мора да биде извршена операција на лигаментите на скочниот зглоб.
Операцијта ќе биде извршена во Доха и ќе го оддалечи напаѓачот од терените во следните три до четири месеци.
„По неговото последно истегнување на лигаментите на десниот скочен зглоб на 20 февруари, медицинскиот персонал на Пари Сен Жермен препорача операција за санирање на лигаментите за да се избегне голем ризик од повторување на повредата. Сите експерти кои беа консултирани ја потврдија оваа неопходност“, стои во соопштението на ПСЖ.
По потврдата се огласи и самиот Бразилец кој на социјалните мрежи објави фотографија на којa напиша „Ќе се вратам посилен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА