Повредени 19 полицајци и депортирани 80 навивачи е епилогот од крвавата пресметка на улиците на Тирана (ВИДЕО)

Повредени 19 полицајци и депортирани 80 навивачи е епилогот од крвавата пресметка на улиците на Тирана која се случи синоќа пресрет денешното финале во Конференциската лига во кое ќе се сретнат италијанската Рома и холандскиот Феенорд.

Заменик шефот на полицијата на Албанија, Алберт Дервиши ги повика навивачите да се однесуваат како европски граѓани и да ги почитуваат законите на Албанија, зашто во спортивно ќе бидат казнети.

Дервиши соопшти дека еден полицаец е повреден со нож, додека се приведени 48 италијански и 12 холандски навивачи, при што секој од нив се соочува со затворска казна до седум години.

Се вчитува...