Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, го очекува подолга пауза од фудбалските терени по повредата што ја заработи на неделниот дуел со Милвол во ФА Купот на Англија. Деталните прегледи само ги потврдија стравувањата на „спарси“ дека станува збор за проблем со лигаментите во скочниот зглоб.Како што јавуваат од лекарскиот тим на лондонскиот клуб, повредата е многу слична на онаа од септември, по која Кејн паузираше неполни два месеци од терените, а во негово отсуство Тотенхем славеше само на два од петте премиерлигашки натпревари.Во таборот на Тотенхем се надеваат дека тој ќе може да настапи на последните две средби од сезоната, но шансите за такво нешто не се премногу големи. Во секој случај, отсуството на Кејн ќе биде огромен проблем во клучниот дел од сезоната, во кој „спарси“ ги очекува битка за место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА