Повредениот Хернандез го чека нов договор од Баерн и покрај тешката повреда

Баерн Минхен сака да го продолжи договорот со својот дефанзивец Лукас Хернандез. Двете страни биле во преговори и пред почетокот на Мундијалот во Катар, на кој играчот се повреди на првиот натпревар против Австралија, и веројатно ќе мора да паузира долго време.

Се очекува и после Мундијалот, двете страни да потпишат нов договор со траење до 2026 година, со оглед дека сегашниот истекуваше до 2024 година.

Дефанзивецот пред неколку дена доби тешка повреда, односно ги скина вкрстените лигаменти на коленото, и го очекува пауза од шест месеци. Хернандез наскоро ќе биде опериран, но и покрај повредата нема да влијае на плановите на Баерн да го продолжи неговиот договор.

Се вчитува...