Повредениот Нејмар лудо се забавува додека Саудијците му плаќаат 200 милиони по сезона

Бразилецот Нејмар е во процес на опоравување од тешката повреда на коленото, поради која е надвор од терените уште од октомври. Тој се повреди на натпреварот против Уругвај во квалификациите за СП 2026 година, па долго време не играше ниту за Ал Хилал.

Тимот од Саудиска Арабија баснословно го плаќа Нејмар, откако тој потпиша договор според кој за две сезони ќе заработи околу 400 милиони евра. Така годинава за петте одиграни натпревари ќе добие околу 200 милиони евра, со оглед на тоа што извесно е дека нема да се врати на терените до крајот на сезоната.

Во меѓувреме, Бразилецот има друга работа. Тој е заштитно лице на компанијата „MSC“ која е доминантна во областа на комерцијалните крстарења до егзотични дестинации.

Така, тој самиот се приклучи на експедицијата која започна од неговиот роден Сантос до Рио де Жанеиро и назад. На бродот има три дена забави, каде Нејмар е снимен како ужива со богатите патници. Имено, една карта за возење со брод со Нејмар била помеѓу 1.000 и 6.000 евра.

Се вчитува...