Букајо Сака дефинитивно ќе го пропушти утрешниот меч меѓу Финска и Англија во Лигата на Нации, по повредата што крилниот офанзивец ја заработи во првото полувреме од последниот меч со Грција.
Британците не откриваат за каква повреда станува збор, но откако во претходните 48 часа не дојде до напредок во состојбата на Сака, тој доби зелено светло да се врати назад во својот клуб. Деталните лекарски прегледи ќе покажат дали и колку Сака ќе мора да паузира на клупски план, ако се знае дека за две седмици „топчиите“ ги очекува големото дерби со Ливерпул, меч за кој веќе го загубија капитенот Мартин Едегард.
Добра вест за англискиот селектор е што Хари Кејн и Џек Грилиш тренираа со остатокот на националниот тим и ќе бидат во комбинација за настап во Хелсинки, откако поради ситни повреди го пропуштија дуелот со Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА