Повреди во Евролигата: Проблеми за Барса и за Милано

Двојното евролигашко коло на стартот од елитното европско натпреварување ги донесе и првите проблеми со повредите на значајни кошаркари, што на своја кожа ги почувствуваа Барселона и Олимпија Милано.

Нико Лапровитола го пропушти поголемиот дел од ланската сезона поради повреда на коленото, тој беше во одлична форма на првите средби, но во меѓувреме повторно се повреди. Тој воопшто не настапи на дербито на АЦБ-лигата против Валенсија, а првите прогнози се дека аргентинскиот бек ќе мора да паузира до крајот на месец октомври, што ќе значи пропуштање на низа значајни натпревари на каталонскиот гигант.

Веќе подолго време повреден е и Нуњез, па Барса ќе остане само со Саторански и Бризуела на плејмејкерската позиција во наредниот период.

Џош Нибо цела ланска сезона не успеа да врзе две евролигашки средби во серија, центарот настапи за Милано против Црвена Звезда и Партизан, но притоа заработи повреда на мускулот. Италијанскиот тим соопшти дека Нибо ќе паузира најмалку три седмици од терените, а во негово отсуство улогата на главен играч во рекетот ќе му припадне на Девон Букер.

Се вчитува...