Бразилецот Нејмар, поради повреда ќе биде надвор од терените на неодредено време, пренесуваат бразилските медиуми.
Нејмар поради повреда го пропушти неделниот натпревар на Сантош против Коринтијанс (1-2) во полуфиналето од плејофот на бразилската Паулиста.
„За жал, чувствував болка во последните неколку недели. Многу сакав да му помогнам на тимот, ги направивме тестовите, но повторно почувствував болка“ – напиша Нејмар на социјалните мрежи.
Бразилските медиуми истакнуваат дека Нејмар не објаснил за каква повреда станува збор.
Нејмар (33) се врати во Сантош на 31 јануари, а за клубот одигра седум натпревари и постигна три гола.
Неодамна доби повик да се приклучи на бразилската репрезентација, но поради повреда најверојатно ќе ги пропушти натпреварите против Колумбија и Аргентина во квалификациите за СП 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

