Повторно англиски погледи на фудбалот: Елмас даде гол, па по три минутно гледање ВАР беше поништен поради офсајд (ВИДЕО)

Македонија на феноменален начин го отвори второто полувреме на дуелот со Белгија, откако по само три минути игра успеа да постигне гол за 1-1.

Феноменална полуконтра која почна од Илиевски, па преку Костадинов заврши со феноменална завршница на Елиф Елмас.

И по ерупцијата на „Тодор Проески“ следуваше студен туш од главниот судија на мечот, Англичанецот Кавана. Заедно со ВАР тимот ситуацијата се прегледуваше повеќе од три минути, по што беше досуден офсајд позиција (милиметри одлучуваа) на Бојан Илиевски кој ја допре топката пред да заврши во противничката мрежа…. И нашиот гол беше поништен.

Се вчитува...