Повторно гол и асистенција за Дориев во Узбекистан (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Љупче Дориев, продолжува со одличната форма во узбекистанскиот шампионат во победата на својата Согдиана над Кизилкум со 3-0.

Дориев најпрво биеше од пенал во 14. минута, а потоа впиша и асистенција, по која гол постигна неговиот соиграч, Рубин Хебај.

Дориев досега во шампионатот на Узбекистан постигна 15 погодоци со што е втор стрелец.

Се вчитува...