Третиот меч меѓу Тајсон Фјури и Дионте Вајлдер повторно е одложен. По двете фантастични борби во 2018 и 2019 година, третиот дуел меѓу двајцата тешкаши требаше да се одржи во јули месец годинава, но сепак и тој ќе биде откажан и тоа не поради пандемијата од Covid-19 туку поради ТВ-правата. Се смета дека поголема заработка ќе има борбата доколку таа се одржи на крајот на годината.
Исто така како причина се наведува и тоа што Вајлдер е повреден и не може да има максимален тренажен процес за да биде подготвен за борба во јули. За потсетување Фјури на 22. февруари во Лас Вегас во спектакуларен меч го нокаутираше Вајлдер во седмата рунда и му ја презема титулата во ВБЦ во тешка категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА