И покрај тоа што за денеска беше најавено соопштувањето на одлуката од Арбитражниот суд во Лозана за суспензијата на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по неговата жалба против УЕФА, сепак од тоа нема ништо. Од Арбитражниот суд соопштија дека одлуката ќе биде соопштена дури на 17. март.
Продолжува пародијата околу целиот случај со Адеми, па најновото одложување внесува дополнителна доза на сомнителност околу конечната одлука.
„Меѓународниот спортски суд во Лозана (ЦАС) известува дека е продолжен рокот на одлуката за случајот Адеми. Новиот рок е 17. март 2017 година“ – се вели во соопштението од Арбитражниот суд.
Според сите очекувања, како што и претходно информираше ЕКИПА, Адеми треба да добие укинување на претходно изречената суспензија од УЕФА. Но, сето тоа сосема неочекувано постојано се одолговлекува.
Согласно сите утврдени докази, Аријан Адеми е апсолутно невин. Тоа го покажале и анализите од лабораторијата во Келн, кои Аудот од Лозана ги побарал за ова судење. Сите анализи покажале дека лекот Мегамин, кој го користел Адеми, бил загаден со забранетата супстанца Станозол, но од страна на производителот, за што вина никако не може да сноси Адеми.
Токму поради тоа Адеми треба да добие укинување на суспензијата, а со тоа и да добие голема отштета од УЕФА. Па, постојанато одложување на одлуката од страна на Судот во Лозана укажува на тоа дека е можно да се најде избалансиран договор, со тоа што ќе остане досегашната суспензија за Аријан Адеми од 18 месеци, која си ја „одлежа“, а со тоа да се ослободи УЕФА од исплата на отштета за македонскиот репрезентативец и за Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА