Најдобриот играч на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, доживеа уште една повреда. Паника во редовите на Лос Анџелес Лејкерс владее веќе со часови откако Лука Дончиќ се повреди за време на натпреварот против Клиперс во градското дерби.
Дончиќ се повреди во втората четвртина и го пропушти целото второ полувреме, а засега не е познато колку долго ќе биде надвор од теренот. Лука помина 19 минути на паркетот и имаше 12 поени, пет скока и две асистенции, но и 4/13 од поле и само 1/6 за тројки, па навивачите на Лејкерс се надеваат дека останал во соблекувалната чисто како мерка на претпазливост.
Тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик, не коментираше за повредата на Лука Дончиќ, но американските медиуми објавуваат дека станува збор за контузија на бутниот мускул и дека нема да биде надвор долго време.
Тој веќе имаше ваков вид повреда на почетокот на ноември, а да потсетиме дека Дончиќ претходно пропушти натпревари поради повреда на стапалото и повреда на коленото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

