Хендикеп за македонската репрезентација за последните два ноемвриски натпревари од Лигата на нациите против Летонија и против Фарските острови во Скопје, која ќе мора да биде без фудбалерот од средниот ред Тихомир Костадинов.
Селекторот Боби Милевски нема да може да смета на Костадинов за ноемврискиот собир, кој повторно ја обнови старата повреда на еден од тренинзите на полскиот Пјаст Гливице. Според информациите од Полска, Костадинов ќе мора да паузира најмалку три недели па нема да може да одговори на повикот во националниот тим за две недели.
Костадинов, како што е познато, пред една година се врати на терените по пауза од 19 месеци поради тешката повреда на коленото и двете хируршки интервенции.
Низ првите четири натпревари од Лигата на нациите, по кои Македонија е убедливо на врвот во Групата 4 од Ц-дивизијата со три победи и едно реми, Костадинов добиваше стандардна минутажа од Милевски на секој од натпреварите како важна алка во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА