Повторно проблеми со здравјето: Ериксен позитивен на Ковид-19, но Данецот не го одложува враќањето во репрезентацијата

Кристијан Ериксен го пропушти последниот натпревар на Брентфорд, во кој неговите соиграчи беа поразени од Лестер со резултат од 2-1. Сепак, Данецот се надева дека нема да мора да го пропушти враќањето во националниот тим.

Веќе е најавено големото враќање на Кристијан Ериксен во данската репрезентација, на стадионот на кој на 12 јуни минатата година доживеа срцев удар на Европското првенство. Веста дека Ериксен бил позитивен на коронавирус дојде како шлаканица, но Данскиот фудбалски сојуз и менаџерот на Брентфорд, Томас Франк се оптимисти за неговиот настап за националниот тим.

„Ќе биде навистина голема работа за Кристијан да игра за Данска. Беше неверојатен момент кога се врати на теренот и почна да игра за Брентфорд против Њукасл по се што му се случи. А кога ќе се случи тоа големо враќање во репрезентацијата, се ќе продолжи да биде само фудбал. Разговараме со Кристијан и Брентфорд за целата ситуација. Го очекуваме Кристијан што е можно поскоро. Со нетрпение го очекуваме неговото доаѓање и настапите против Холандија и Србија“, стои во заедничкото соопштение на фудбалскиот сојуз на Данска и тренерот Томас Франк.

Се вчитува...