Повторно се менува форматот на НБА ол-стар викендот

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, најави дека следниот „ол-стар“ меч, кој ќе се одржи во Индијана, би можел да се врати на стариот концепт.

Капитените веќе неколку години ги избираат своите соиграчи без разлика од која конференција доаѓаат, но постои идеја повторно да се вратат на стариот начин. Силвер најави дека веќе на следниот „ол-стар“ фановите ќе гледаат нешто што веќе е традиција.

Очигледно, експериментирањето со форматот на овој настан не вроди со плод за навивачите и љубителите на кошарката, кои очигледно сакаат повторно да го видат ривалството на најдобрите имиња од Источната и Западната конференција.

„Бараме некои промени во начинот на формирање на тимовите, веќе размислуваме за тоа за следниот „ол-стар“ натпревар во Индијанаполис. Можеби враќање на нешто потрадиционално, во начинот на формирање на тимовите“, изјави Силвер. 

Се вчитува...