Позанти се полуфиналните парови на Европското првенство – еве кога и каде ќе се игра (ВИДЕО)

Со убедливата победа на Англија над Украина од 4-0, познат е и последниот патник во полуфиналето од Европското првенство 2020. Во него Англичаните ќе се сретнат со Данска која славеше над Чешка со 2-1. Овој натпревар ќе биде одигран во среда со почеток од 21 часот на „Вембли“.

Во вториот полуфинален пар силите ќе си ги одмерат ривалите Шпанија и Италија. До „Вембли“ Италијанците стигнаа со победата од 2-1 против Беглија, додека Шпанија по пенали успеа да ја елиминира Швајцарија. Овој натпревар во етерот ќе биде во вторник со почеток од 21 часот.

Се вчитува...