Многу се очекуваше од дуелот Англија – Србија со оглед на офанзивните најави на двајцата селектори, но навивачите останаа разочарани од неамбициозноста на актерите на теренот во Гелзенкирхен.
Впрочем, најдобар доказ за тоа е дека за 90 минути игра севкупно беа упатени само 11 шутеви кон Пикфорд и Рајковиќ (не во рамките на голот, туку вкупно удари кон противничкиот гол). Ова е неславен рекорд на европските шампионати, најмала бројка на удари на еден меч од ЕП уште од ЕВРО 1980.
Двете репрезентации вкупно изведоа три корнери (2-1 за Англија), а ист е резултатот и кога станува збор за ударите во рамки на голот.
Навистина премалку ако се знае офанзивниот потенцијал на двете селекции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА