Пожар ја уништи куќата на тренерот на Мајами Хит

Во голем пожар беше уништена куќата на актуелтниот тренерн на Мајами, Ерик Споелстра рано утрово. Официјални лица изјавија дека кон местото на инцидентот се упатиле повеќе од 20 пожарникари да го гасат пожарот.

За среќа, Споелстра не бил дома кога избувнал пожарот, во кој нема повредени. Противпожарните служби соопштија дека во куќата немало никој кога избувнал пожарот во 4:30 часот наутро по локално време.

Службениците изјавија дека веднаш е почната истрага за предизвикување на пожарот. Споелстра со Мајами играше во Денвер во средата навечер, а се вратија дури по пет часот наутро. Споелстра пристигнал дома кога пожарникарите веќе го локализирале пожарот.

Се вчитува...