Албанскиот фудбалер Елсеид Хисај, преживеал вистинска драма откако се запалил неговиот автомобил додека го возел.
Сегашниот фудбалер на Лацио во изјава за италијанските медиуми, потврдил дека имал инцидент со своето возило, па потоа на социјалните мрежи се обрати до своите фанови.
„Здраво на сите. Утрово некои медиуми пренесоа вест за случката која се случи пред неколку дена. Сакам да нагласам дека сум добра, како и лицата кои беа со мене. Дефектот на автомобилот предизвика почеток на пожар додека јас возев на улица, и веднаш ја приметив ситуацијата, го сопрев возилото и за среќа без никакви штети по патниците и по другите возила. Немаше сообраќајна несреќа, јасно е дека се е во ред и концентрирам сум на натпреварот вечер. Ви благодарам на сите за пораките“, напиша Хисај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА