Ждрепката за Светското првенство во фудбал ќе се одржи на 5. декември во „Кенеди Центарот“ во Вашингтон, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ова е веројатно е најголемиот спортски настан“, рече Трамп во Овалната соба до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, држејќи го трофејот за победник на Светското првенство.
На Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ќе учествуваат рекордни 48 национални селекции.
Планирано е да се одиграат 104 натпревари, додека финалето му беше доделено на Њу Џерси, каде што се играше финалето на Светското клупско првенство оваа година. Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

