Познат доктор ја анализираше повредата на Јокиќ: Можни се три сценарија…

Американскиот доктор Брајан Сатерер детално ја анализираше непријатната повреда на коленото што ја доживеа најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, претходната ноќ за време на натпреварот против Мајами.

Да ве потсетиме, Јокиќ се повреди во последните секунди од вториот дел од натпреварот, откако неговиот соиграч Спенсер Џонс ненамерно стапна на неговата нога. Србинот доживеа хиперекстензија на коленото и куцаше надвор од теренот со болна гримаса.

Додека јавноста чека официјални информации за состојбата на повредата, некои лекари се обидоа да утврдат колку е сериозна ситуацијата врз основа на видеото.

„Сега да видиме за какви можни повреди зборувам. Прво, можна е модринка на коската. Второто нешто што може да се случи е дека оваа капсула може да скине, но тоа не е сериозна повреда што би барала операција. Потоа лигаментите можат да бидат повредени или скинати. Сè на сè, хиперекстензијата на коленото може да создаде сериозни повреди како кинење на лигаментите, но во ова сценарио има повеќе позитивни отколку негативни фактори за прогнозата. Секако, може да се случи Јокиќ да скине лигаменти, но многу е пореално дека има модринка на коската и ќе биде надвор од игра една или две недели“, вели американскиот доктор.

Се вчитува...