Килијан Мбапе ако не ова лето, на крајот на следната сезона дефинитивно заминува од редовите на ПСЖ. Францускиот голгетер одбива да ја продолжи соработката со парижани и сосема сигурно е дека кариерата ќе ја продолжи во редовите на Реал Мадрид, клуб за кој не крие дека негува големи симпатии.
Планот на 24-годишникот е во клубот од главниот град на Шпанија да премине како слободен играч, а за тоа да добие и голем бонус вреден 160 милиони евра кој го излудува раководството на францускиот клуб.
Мбапе кој се наметна како еден од најдобрите фудбалери на денешницата е дел од ПСЖ од 2017 година. По едногодишната позајмица го комплетираше трансферот вреден 180 милиони евра во 2018 година, настапувајќи на 260 натпревари на кои забележа неверојатни 212 голови и 98 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА