Познат е наследникот на Де Брујне во Манчестер Сити

Еден од фудбалерите кои ја одбележа шампионската ера на Манчестер Сити несомнено е Кевин де Брујне, белгискиот играч за врска кој по една деценија помината во англискиот клуб заминува од „Етихад“ како дел од смената на генерации која го очекува осумкратниот шампион.

Манчестер Сити за оваа цел веќе потроши 212 милиони евра во последниот трансфер прозорец, а трошењето нема да запре тука. Напротив за наследникот на Де Брујне воопшто нема да се штеди и за него ќе бидат одвоени над 117 милиони евра.

Станува збор 21-годишниот германски репрезентативец и фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц кој со фантастичните настапи во последните две сезони се постави како еден од најдобрите млади играчи примамувајќи го интересот на најголемите европски гиганти.

Баер Леверкузен цели на задржување на Вирц и во следните години, но со оглед на тоа што Германецот не потпиша нов договор со клубот наговестува сценарио кое нема да им се допадне на навивачите на „фармацевтите“.

Се вчитува...