Драган Стојковиќ – Пикси поднесе оставка од клупата на Србија, по синоќешниот пораз од Албанија во Лесковац од 0-1. Со тоа Србија сега е далеку од бараж местото за пласман на Светското првенство идната година преку квалификациите.
Пикси кажа дека нема да ја води селекцијата во Андора, а веднаш по неговата оставка следуваа шпекулации околу тоа кој би можел да го наследи.
Најсериозен кандидат за селектор на Србија е доскорашниот тренер на Овиедо, Вељко Пауновиќ. Пауновиќ беше дел од младите селекции на Србија, пред да премине на клупскиот фудбал. Тој го има најголемиот успех со Србија, кога во 2015 година го освои Светското првенство со селекцијата до 20 години.
Потоа ги водеше Чикаго Фајр, Ридинг, Гвадалахара, Тигрес, а од март годинава седна на клупата на Овиедо, и успеа да го врати во Ла Лига после долги години. Меѓутоа неодамна доби отказ откако имаше слаб старт во шпанската „елита“.
На гостувањето во Андора веројатно екипата ќе ја води Горан Ѓоровиќ, а потоа треба функцијата да ја преземе Пауновиќ. До крајот на овие квалификации Србија покрај Андора, треба да игра и со Англија на гостински терен и со Летонија дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

