Искусниот германски фудбалер Томас Милер по 25 години поминати во Баерн Минхен е подготвен за нова ера. За прв пат во кариерата ќе игра за друг тим, а тоа ќе биде Ванкувер кој се натпреварува во МЛС првенството.
Милер ги одби понудите од европските тимови со цел да остане верен на Баерн Минхен, а и покрај тоа што имаше понуди од повеќе интересени локации како Австралија и Саудиска Арабија се одлучи да се пресели во Северна Америка.
Интересно, 35-годишникот потпиша двогодишен договор со што стави дознаење дека не е подготвен да замине во пензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

