Томас Парти по пет години поминати во Арсенал заминува од северен Лондон и ќе се врати назад во Шпанија каде овој пат ќе настапува за Вилјареал со кој наскоро се очекува да потпише двогодишен договор.
Парти заминува од Арсенал со истек на договорот, но многу веројатно е дека набрзо ќе се сретне со доскорешните соиграчи бидејќи дебито за Вилјареал се очекува му биде токму против „топчиите“ на пријателски натпревар како подготовка за новата сезона.
Сега 32-годишникот има богато искуство во Шпанија каде настапуваше за Атлетико Мадрид и за Мајорка и Алмерија како позајмен играч од 2013 до 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

