Возачот на тимот на „АРТ ГП“, Тео Пуршер, ја освои шампионската титула во Формула 2 откако заврши на петтото место на последната трка од сезоната во Абу Даби.
На последната трка сезонава победи Џек Духан, пред Виктор Мартинс, а трет беше Фредерик Вести кој се бореше со Пуршер за титулата. Во генералниот поредок Пуршер има 203 бода, Вести е втор со 192, а трет Духан со 166.
Пуршер имаше 10 пласмани на подиумот оваа сезона, во спринтови и трки, а само еднаш се радуваше на победа. Тој следната година ќе биде резервен возач на Алфа Ромео. Титулата во конкуренција на конструктори ја освои екипата АРТ ГП на Пуршер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА