Осмата минута од судиското продолжение на второто полувреме на натпреварот помеѓу Италија и Хрватска беше среќна за Италијанците кои го слават херојот Матија Закањи.
Дваесетидеветгодишниот напаѓач на Лацио ја искористи грешката на Гвардиол и од шестнаестникот не ја пропушти шансата да изедначи на 1-1 и да донесе бод за својата репрезентација, бод кој воедно на актуелниот европски шампион му ја носи и втората позиција во групата.
Со тоа е познат и првиот осминафинален пар на собирот на најдобрите европски репрезентации. Италија нокаут фазата ќе ја започне против Швајцарија во натпревар кој ќе биде одигран на 29. јуни на „Олимпискиот“ стадион во Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА