Лидс Јунајтед е првиот тим кој на 26. мај ќе игра во финалето на плеј-офот за пласман во Премиерлигата, односно во овој случај за враќање во најелитното англиско фудбалско друштво.
Избраниците на Даниел Фарке победија на само една од последните седум натпревари, но овој триумф ќе им го донесе пласманот на најважниот натпревар во Англија. Натпреварот против Норич беше решен уште по првиот дел, кога Лидс се стекна со предност со 3-0 и имаа целосна контрола, за на крајот конечна победа од 4-0. Груев, Пирое и Рутер постигнаа голови во првиот дел, а потоа Самервајл постигна и четврти погодок, носејќи воодушевување меѓу фановите.
Во финалето Лидс на најголемиот англиски стадион, каде што неколку денови подоцна ќе се игра и финалето во Лигата на шампионите, екс тимот на Алиоски ќе игра со подобриот од Саутемптон и Вест Бромич Албион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА