Заостанатиот натпревар од Серија А помеѓу Јувентус и Наполи ќе се одигра на 17. март во 18 часот и 45 минути, објавија челниците на најдобрата италијанска лига. Овој натпревар предизвика многу полемики. Првиот требаше да се игра на 4 октомври, но властите на Неапол им забранија на играчите на Наполи да патуваат во Торино. Натпреварот беше регистриран со резултат 3-0 за Јувентус.
Сепак, наполитанците поднесоа жалба до Судот и на крајот беше одлучено натпреварот да се реши на теренот, а не на зелената маса. Неодамна овие два тима одиграа натпревар од вториот дел од сезоната и Наполи го победи Јуве со 1-0.
Јувентус, бранителот на титулата, во моментов е трет на табелата со 49 бода од 24 натпревари. Тие имаат седум бода помалку од Интер и три бода помалку од Милан. Наполи е шести со 43 поени, но и со натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

