Познат евентуалниот наследник на Слот во Ливерпул, со него доаѓаат и четири засилувања

Притисокот врз Холанѓанецот Арне Слот е навистина голем откако Ливерпул е во многу лоша серија во последно време. На последните 12 меча, тимот има дури девет порази, што е премногу за англискиот првак. 

Веќе тргнаа шпекулациите дека Слот наскоро би можел да добие отказ, ако не почне да бележи победи на клупата на „црвените“.

Во англиската јавност се шпекулира дека на „Енфилд“ би дошол Чаби Алонсо, кој исто така е под притисок во Реал Мадрид, не толку поради резултатите, колку што поради играта на својот тим.

Во меѓувреме раководството на Ливерпул му укажа доверба на Холанѓанецот, меѓутоа ако не го извади тимот од криза на следните три меча, тогаш најверојатно ќе стане поранешен.

Исто така ако дојде Алонсо, со себе ќе донесе и неколку играчи. Засега се шпекулира со четири имиња, и тоа: Алесандро Бастони од Интер, потоа Орелијан Чуамени од Реал Мадрид, Марк Гуехи од Кристал Палас и  Антоан Семењо од Борнмут.

Се вчитува...