Познат француски кошаркар доживеал мозочен удар на тренинг

Францускиот кошаркар Микаел Желабал, доживеал мозочен удар за време на тренинг на својот тим Шоле. Ситуацијата со кошаркарот е стабилна, и постои можност тој да продолжи со кариерата иако има 39 години.

Во својата кариера Желабал настапувал и за Реал Мадрид, Асвел, Шарлероа, Химки, Цедевита, Валенсија, Минесота, Лимож, Ле Ман, а играше и за француската репрезентација со која освои пет медали, а во 2013 година беше дел од тимот кој го освои Европското првенство.

„Почувствував симптоми и бев пренесен на интензивна нега во болница во Шалон. Магнетната резонанца покажа дека сум имал мозочен удар, но за среќа е приметен на време. Минав дополнителни прегледи а потоа и на неврологија“, рече Желабал кој верува дека може да се врати на теренот.

Се вчитува...