Познат комплетниот распоред и точните саатници на новата сезона во ЛШ

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе го пречекаат Челси, додека Ливерпул ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид во првото коло од Лигата на шампионите, официјално објави УЕФА.

Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 16 септември, а првото коло ќе се игра на 17 и 18 септември. Првите натпревари на 16 септември во 18:45 часот ќе ги играат Атлетик Билбао и Арсенал, или ПСВ и Унион. Реал Мадрид – Марсеј, Јувентус – Борусија Дортмунд, Тотенхем – Виљареал и Бенфика – Карабах ќе играат од 21 часот.

Олимпијакос и Пафос ќе играат на 17 септември во 18:45 часот, додека Славија Прага и Бодо Глимт ќе се сретнат во исто време. ПСЖ – Аталанта, Ајакс – Интер, Баерн Минхен – Челси и Ливерпул – Атлетико Мадрид ќе играат од 21 часот на 17 септември.

Бриж и Монако ќе играат на 18 септември во 18:45 часот, додека Копенхаген и Баер Леверкузен ќе се сретнат во исто време. Манчестер Сити – Наполи, Њукасл – Барселона, Ајнтрахт Франкфурт – Галатасарај и Спортинг Лисабон – Каират ќе играат од 21 часот на 18 септември.

Второто коло е закажано за 30 септември и 1 октомври, третото коло ќе се игра на 21 и 22 октомври, четвртото коло ќе се игра на 4 и 5 ноември, петтото коло ќе биде на 25 и 26 ноември, шестото ќе биде на 9 и 10 декември, седмото коло ќе се игра на 20 и 21 јануари 2026 година, а осмото и последно коло ќе биде на 28 јануари.

Осумте првопласирани екипи на табелата ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето на ЛШ, додека клубовите од 9-то до 24-то место ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.

Клубовите од 25-то до 36-то место ќе го завршат своето учество во европските натпреварувања.

Трофејот во Лигата на шампионите го брани ПСЖ, кој го победи Интер со 5-0 во финалето минатата сезона.

Финалето на ЛШ ќе се игра на 30 мај следната година во Будимпешта.

Се вчитува...