Познат ММА борец најден обесен во затворска ќелија

Поранешниот професионален борец, Тревис Фултон, кој учествувал во најголем број ММА-борби во историјата, починал во саботата во својата затворска ќелија во затворот „Седар рапидс“, Ајова (САД). Првичните наводи укажуваат на самоубиство.

Според канцеларијата на шерифот во Округот Лин, еден работник во затворот, кој вршел рутинска проверка околу 4 часот наутро, го пронашол Фултон обесен. Откако обидите за реанимација не успеале, Фултон е пренесен во Медицинскиот центар „Мерси“, каде што е прогласен за мртов околу 5 часот наутро. Фултн имаше 44 години.

Фултон во февруари беше обвинет по три случаи поврзани со детска порнографија. Беше во затворот од апсењето на 19 февруари.

Причината за смртта останува под истрага, бидејќи официјалните лица ги чекаат резултатите од обдукцијата.

Последната борба, Фултон ја имаше 2019 година.

Се вчитува...