Познат наследникот на Аморим во Спортинг Лисабон

Португалецот Жоао Переира денеска беше назначен за тренер на португалскиот Спортинг Лисабон, каде го предводеше резервниот тим, соопштија од лисабонскиот клуб преку соопштение за медиумите.

Жоао Переира е поранешен репрезентативец кој тренираше во лисабонска Бенфика, но настапуваше и за Спортинг, на чија клупа ќе го наследи Рубен Аморим, кој замина во Манчестер Јунајтед.

Својата тренерска кариера ја започна во истиот клуб кој е актуелен португалски шампион и моментално води на табелата со шест бодови пред Порто.

Се вчитува...