Познат наследникот на Мурињо во Бенфика – Името ќе ве изненади…

Рубен Аморим е главен фаворит за нов тренер на Бенфика, пренесуваат португалските медиуми. Поранешниот фудбалер на „орлите“ во моментов е без ангажман, откако на почетокот на годинава доби отказ од клупата на Манчестер Јунајтед.

Раководството на Бенфика во него гледа идеално решение за шеф на стручниот штаб, потпирајќи се на неговото богато искуство во португалскиот фудбал. Аморим веќе имаше извонреден престој на клупата на лутиот ривал Спортинг Лисбон.

Таму оствари врвни резултати кои му ја обезбедија преселбата во Премиерлигата. Се очекува преговорите да финализираат набрзо, со што стратегот би се вратил во својата татковина.

Се вчитува...