Екипата на Фиорентина го пополни испразнетото тренерско место, по отказот на Стефано Пиоли. Екипата од тешката „агонија“ ќе ја спасува Паоло Ваноли. Тимот нема ниту една победа во 10 натпревари, и само четири ремија и дури шест порази, што беше доволен аларм за смена.
Ваноли е без работа откако го напушти кормилото на Торино оваа година. Претходно беше две сезони во Венеција, претхдоно во Спартак Москва, а ги водеше и младинските селекции на Италија до 16, 18 и 19 години.
Фиорентина е „заковната“ на последното место со четири бодови, еден помалку од Верона, и два од Џенова и Пиза. Ваноли своето деби ќе го има во недела, кога Фиорентина гостува на Џенова, тим кој исто така има нов тренер во името на Даниеле де Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

