Виртус неочекувано го смени Серџо Скариоло, но експресно ја најде неговата замена во името на италијанскиот стручњак Лука Банки. Банки направи одличен резултат на последниот Мундобаскет со селекцијата на Летонија, завршувајќи на петтото место, што е одличен успех. Тој беше прогласен за најдобар тренер на турнирот.
Банки водеше многу клубови од Италија, меѓу кои и Монтепаски, Олимпија, Бамберг, АЕК, Локомотив Кубањ, а минатата сезона беше дел од Стразбург.
Сакриоло беше сменет поради скандалозните изјави против клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА