Заминувањето на Еду од местото спортски директор на Арсенал ги изненади сите на почетокот на сезоната, во еден момент беше фатен и Микел Артета – многумина тврдат дека тој момент бил важен и влијаел на атмосферата и амбициите на „топчиите“.
Лондонскиот клуб се уште не го именувал наследникот на Бразилецот, но е на вистинскиот пат, пренесува Гардијан.
А, во прашање е човек кој го знаат сите во и околу клубот – Томаш Росицки, Чех кој 10 години го носеше црвениот дрес.
Росицки е актуелен спортски директор на Спарта Прага, но е блиску до враќање на „Емирати“ и тоа треба да се реализира на крајот од сезоната.
Добро го познава Артета, играа заедно во Арсенал под водство на Арсен Венгер, а неодамна изјави дека останува во многу добри односи со својот поранешен соиграч.
Томас е близок и со Пер Мертезакер, кој ја води академијата на Арсенал – со него делеше соблекувална во северен Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА