Одложениот натпревар од 30-то коло од Евролигата меѓу Партизан и Дубаи ќе се игра на 17 март во 20 часот во Белградска арена.
Овој натпревар требаше да се игра минатиот четврток, но распоредот на елитното континентално натпреварување беше нарушен од интензивниот конфликт меѓу САД и Израел од едната страна и Иран од другата страна.
Иранските сили, меѓу другите, го бомбардираа и Дубаи, па речиси целиот тим со стручниот штаб предводен од Јурица Големац остана во најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати, како и тројца кошаркари на Партизан, Дилан Осетковски, Шејк Милтон и Дуан Вашингтон, кои беа евакуирани заедно преку Љубљана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

