Познат новиот тренер на Црвена Звезда!

Саша Обрадовиќ очигледно ќе биде новиот тренер на кошаркарите на Црвена звезда.

Јанис Сферопулос ќе го води тимот само против Фенербахче, пишува српски „Телеграф“, а потоа тимот го презема Обрадовиќ кој е една од играчките легенди на клубот.

Обрадовиќ веќе еднаш претходно седел на клупата на „црвено-белите“, во текот на 2020 година кога остана само половина година. Потоа, од 2021 до 2024 година, тој го тренираше Монако.

Се вчитува...