Познат Ол-стар тимот на ЕП 2022 – Норвежанката Рајстад е МВП

Европската ракометна федерација го објави најдобриот тим на Европското првенство за жени кое од 4. до 20. ноември се одржуваше во Македонија, Словенија и Црна Гора. За најкорисна ракометарка на турнирот е избрана Норвежанката, Хени Рајстад, а друштво и прави централниот бек Стине Офтедал.

Данска и Франција исто така имаат по две ракометарки меѓу најдобрите. Левото крило Ема Фрис, и најдобриот дефанзивец Катрин Хејндал се претставнички на Данска, додека Франција ги има голманката Клеопатра Дарло и пикерот Паулета Фопа. Во тимот се и Црногорката Јованка Радичевиќ, Романката Кристина Неагу и Унгарката Катрин Клујбер.

Шампионатот денеска ќе биде затворен со мечот за 3. место меѓу Франција и Црна Гора и финалето во кое ќе се сретнат Норвешка и Данска.

Се вчитува...