Познат плеј-оф и плеј-аут распоредот од Суперлигата: Супер-дербито Вардар – Алкалоид уште на стартот!

По завршувањето на регуларниот дел од Суперлигата, со ждрепка одреден и распоредот на натпреварите од плеј-офот и плеј-аутот во домашниот ракометен шампионат.

Во плеј-оф разигрувањето за титулата, уште во првото коло супер-дербито меѓу Вардар и Алкалоид во СЦ „Јане Сандански“.

Од најинтересните дуели, актуелниот шампион Е. Пелистер ќе биде домаќин на Алкалоид во третото коло, а во Битола во 5. коло ќе се игра и пресметката на „зелените“ со Вардар. Вардар, пак, ќе биде домаќин мна клубот од Битола, во последната рунда кога веројатно ќе се одлучува и титулата оваа сезона.

Во битката за опстанок, пак, во плеј-аут рундата Пролет пренесува три бода, Прилеп и Куманово имаат по два, Борец и Струга по еден, а Радовиш доаѓа со нула бодови. Во првото плеј-аут коло, Борец е домаќин на Прилеп, Струга игра со Пролет 62, додека Радовиш оди на мегдан со МРК Куманово.

Првото коло од плеј-офот и плеј-аутот во Суперлигата се игра во среда (2. април).

Се вчитува...