Познат првиот фаворит за наследник на Чави во Барселона

Само еден ден откако Јирген Клоп најави заминување од Ливерпул по завршувањето на сезоната, вчера навивачите на Барселона беа шокирани од истата објава и од нивниот тренер Чави.

Чави по мечот со Виљареал, кој Барселона драматично го загуби со 3-5, најави дека по 30. јуни нема повеќе да го води тимот. Веќе почнаа шпекулациите за тоа кој ќе биде наследник на Чави во Каталонија.

Според, светските обложувални прв фаворит за испразнетото место на „Монжуик“ е Роберто де Ѕерби. Во моментов тој е менаџер на Брајтон и добива само комплименти за својата работа, а во Англија се спомнува и како еден од кандидатите за наследник на Јирген Клоп во Ливерпул. Според обложувалниците, коефициентот за Де Ѕерби во моментов изнесува 5, а зад него се тренерот на Б-тимот на Барса, Рафаел Маркез и поранешниот шпански селектор и тренер на Реал, Жулен Лопетеги.

Се вчитува...