Познат распоредот на кошаркарите на претквалификацискиот турнир за ЛОИ

Светската кошаркарска федерација ги утврди и последните детали поврзани со претстојните претквалификациски турнири кои водат кон учество на ЛОИ во Париз во 2024 година.

Еден од нив ќе се одржи во Талин, а дел од турнирот во главниот град на Естонија е и најсилната македонска машка селекција.

Првиот меч на турнирот во Талин, Македонија ќе го одигра на 12. август, противник ни е селекцијата на Израел, а таа средба во „Тондираба Ајс“ арената е закажан за 19 часот.

Еден ден подоцна, на 13. август, во исто време, од 19 часот, нашите најдобри кошаркари ќе играат против селекцијата-домаќин, Естонија.

По еден ден пауза, поточно на 15. август, од 16.часот, следува и дуелот против репрезентацијата на Чешка, по што ќе го имаме конечниот изглед на табелата во оваа „А“ група од претквалификациите.

Првопласираните две репрезентации од собирот во Талин, ќе продолжат за Полска, поточно ќе се преселат во Гљивице, каде ќе се одигра и оној завршен дел од овие евро-претквалификации за Олимписките игри.

Победникот на овие квалификации ќе биде и учесник на ЛОИ во Париз.

 

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ -ТАЛИН

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

12. АВГУСТ

16.00: Чешка – Естонија

19.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

13. АВГУСТ

16.00: Израел – Чешка

19.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

15. АВГУСТ

16.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА

19.00: Израел – Естонија

Се вчитува...