Ракометарите на Вардар 1961 ги добија противниците за новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ќе бидат во групата Б заедно со Пик Сегед, Кил, Алборг, Монпеље, Мешков Брест, ППД Загреб и Елверум. Одисејата во новата сезона од елитното натпреварување Вардарци ќе ја почнат со гостински дуел против норвешкиот Елверум кој ќе се игра на 15. или 16. септември сезонава, а групната фаза ќе ја завршат на 9. или 10. март со истиот противник на домашен терен.
Сепак, се уште е под знак прашалник учеството на Вардар во елитното натпреварување бидејќи македонскиот шампион е под истрага на ЕХФ поради промената на името и неисполнетите обврски на минатото раковдство.
Вардар ќе мора да остави депозит од 1 000 000 евра во две рати. Првата до 13. јули и втората до 27. јули. Доколку не го направи тоа Вардар ќе го изгуби своето место во Лигата на шампионите, а на негово место ќе влезе словенечкиот Горење Велење.
Лига на шампиони, распоред на натпревари:
1. коло (15/16.09) Елверум – Вардар
2. коло (22/23.09) Вардар – Мешков Брест
3. коло (29/30.09) Загреб – Вардар
4. коло (13/14.10) Вардар – Монпелје
5. коло (20/21.10) Алборг – Вардар
6. коло (27/28.10) Вардар – Кил
7. коло (17/18.11) ПИК Сегед – Вардар
8. коло (24/25.11) Вардар – ПИК Сегед
9. коло (01/02.12) Кил – Вардар
10. коло (08/09.12) Вардар – Алборг
11. коло (16/17.02) Монпелје – Вардар
12. коло (23/24.02) Вардар – Загреб
13. коло (02/03.03) Мешков Брест – Вардар
14 коло (09/10.03) Вардар – Елверум
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА